Европскта ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за вторите натпревари од осминафиналето од Лигата на шампионите во машка конкуреција.
Македонската судиска двојка Благојче Тодоровски и Димитар Митревски ќе го судат натпреварот меѓу Нант и Висла Плоцк.
Натпреварот меѓу екипите на Нант и Висла Плоцк ќе се одигра денеска со почеток од 20:45 часот во Франција во салата “ХХЛ Арена”.
(фото – Архива)📷