Благојче Трајкоски две сезони во екипата на Бутел Скопје

Бутел Скопје доби искусен голман откако Благојче Трајкоски стави потпис на договорот со тимот до 2027 година.

Трајкоски, кој има 38 години и богата кариера, доаѓа од редовите на Алкалоид во Бутел Скопје, а има запишано и настапи на Светското првенство во Франција 2017 во дресот на Македонија.

Трајкоски потекнува од Прилеп, бранеше во Куманово и Радовиш, потоа две сезони во МАКС Струмица, па две во Охрид, пред да се пресели во Битола, каде четири сезони беше на голот на Еурофарм Пелистер. Од 2022 година бранеше во Автокоманда.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *