Екипата на Охрид ја очекува езерското дерби против екипата на Струга во 16. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Бобан Ристевски изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Струга.
“Со нетрпение се чека езерското дерби и мечот од последното коло за оваа полусезона кое го играме на домашен терен. Од мојот тим очекувам само борбеност и желба за победа. Со помош на навивачите кои се надевам дека ќе бидат во голем број, одиме по нови два бода и успешно да го завршиме првиот дел”, – изјави ракометарот на Охрид, Бобан Ристевски.
(фото – ГРК Охрид)📷