Екипата на Еурофарм Пелистер 2 за продолжението од сезоната, каде ќе настапува во плеј-офот во Супер лигата, се засили со нов ракометар.
Нов член на Еурофарм Пелистер 2 е младинскиот репрезентативец на Црна Гора, Богдан Мијушковиќ. Се работи за 20-годишен лев бек, кој доаѓа во Македонија од шампионатот на Словенија, каде го носеше дресот на Добова.
Се работи за еден од најголемите црногорски таленти на неговата позиција, а зад себе има настапи и на големи натпреварувања за својот национален тим.
Мијушковиќ ги мина лекарските прегледи и веќе неколку дена тренира со своите нови соиграчи. Официјалното претставување на Мијушковиќ е предвидено за утрешниот ден.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷