Богдан Радивојевиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

По одличната прва сезона и освоената шампионска титула, Еурофарм Пелистер и поранешниот европски првак, Богдан Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката.

Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката со клубот за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.

Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Фленсбург, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести