Богдан Радивојевиќ е нов член на Еурофарм Пелистер!

Српскиот репрезентативец и поранешен европски првак Богдан Радивојевиќ е нов член на Еурофарм Пелистер.

Десното крило потпиша едногодишен договор, веќе е во Македонија и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. 30-годишниот Радивојевиќ доаѓа како етаблиран ракометар кој веќе тринаесет години по ред игра во Лигата на шампионите, а има и една титула во ова натпреварување, освоена со Фленсбург во 2014 година.

Последен клуб на Радивојевиќ беше ПИК Сегед, а претходно настапуваше за Партизан, Фленсбург и Рајн Некар Левен. 30-годишниот Радивојевиќ е стандарден член на српската репрезентација, со која настапуваше на голем број големи натпреварувања. Со неговиот ангажман клубот добива на престиж, квалитет и реноме.

Официјалното претставување на Радивојевиќ е предвидено на почетокот на месец септември.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести