Божидар Илиески е новото засилување на бековската позиција, кој доаѓа од редовите на Мулти Есенс.
По стапките на својот татко, уште од најмала возраст го засакува ракометот и започнува тоа да биде негова животна пасија.
Зад себе има многу успешни пласмани, а од клубот веруваат дека со својата брзина и техника ќе продолжи и понатаму да биде еден од најперспективните прилепски играчи.

(фото – Рк Прилеп)📷