Екипата на Прилеп, која има високи амбиции за следната сезона, покрај играчкиот кадар, го промовира и новиот тренер.
Станува збор за Божидар Мојсов, кој доаѓа од екипата на Еурофарм Пелистер од Битола. Тој беше помошен тренер во битолскиот тим.
Својата богата кариера ја започнува како помошен тренер уште со формирањето на “Еурофарм Работник” и ја продолжува со спојувањето на “Пелистер” и нивните бројни успешни пласмани во македонската суперлига.
Своето искуство го надополнува и со бројни настапи во европската лига, СЕХА лигата, каде како најголем успех се издвојува бронзениот медал во 2022та година.
(фото – Рк Прилеп)📷