Црногорскиот репрезентативец Божо Анџелиќ кој има 30 години е новото засилување за Вардар 1961 во следната сезона. Тој игра на позиција на среден бек и во Вардар 1961 доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.
Договорот со Божо Анџелиќ е потпишан на една сезона со можност за продолжување на уште една доколку клубот биде задоволен од неговите игри. Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.
Во играчката кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена Звезда, Малме, Чеглед и Металург, а потоа замина во Ференцварош. Со Металург играше и во Д групата од ЕХФ лигата на шампионите и постигна вкупно 32 гола, а настапува и за репрезентацијата на Црна Гора.

(фото-Рк Вардар 1961)📷