Ракометарите на Борец остварија победа на домашен терен против тимот на Астраион со конечни 31-28 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.
Во текот на целиот натпревар двете екипи се менуваа во водство, но тимот на Борец успеа во завршницата да го скрши отпорот на Астраион за победа.
Најефикасен во составот на Борец се истакна Димитар Минов со девет погодоци, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Васко Стојанов со 11 погодоци.
(фото-ГРК Борец)📷








