ГРК Борец

Борец славеше на домашен терен против Јехона

Ракометарите на Борец од Велес забележаа победа на домашен терен против екипата на Јехона со конечни 27-22.

Во првиот дел од полувремето екипата на Борец доминираше на теренот. Составот на Борец на полувреме замина со предност од 13-9. Во вториот дел исто така продолжи добрата игра на домашната екипата, за на крај да се радува на третата победа во Првата лига.

Најефикасен во составот на Борец беше Филип Сиљанов со осум погодоци, додека најефикасен во екипата на Јехона беше Адис Салиу со пет погодоци.

ГРК Борец 27-22 Рк Јехона

(фото-ГРК Борец)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.