Борис Денич се враќа да работи во Словенија

Борис Денич по подолго време се враќа да работи во ракометот во Словенија. Тој ќе работи како советник во стручниот штаб на сите национални селекции на Словенија.

Тој ќе биде дел и од Б сениорската репрезентација. Денич е поранешен голман и има 55 години.

Во 2010 година стана селектор на Словенија и под негово водство репрезентацијата стигна до шесто место на ЕП 2012, четврто место на СП 2013 и четвртфинале на СП 2015 година.

(фото-Ракометна Федерација на Словенија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести