Екипата на Охрид ја очекува реванш натпревар против Олимпијакос на домашен терен во четвртфиналето од Европскиот Куп.
За овој натпревар на прес-конференција своја изјава даде и тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.
“Не играме само за Охрид, туку и за цела Македонија, затоа што ја претставуваме државата. Имаме добар резултат, но мораме да работиме напорно за да се пласираме во полуфиналето. Немаме преголем ростер, но ќе се обидеме да пружиме силен отпор, со кој ќе ја оствариме нашата цел“, – изјави тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.
(фото – ГРК Охрид)📷








