Борко Ристовски од Вардар 1961 на позајмица во Лемго!

Голманот на Вардар 1961, Борко Ристовски во следните два месеци ќе брани за германскиот тим на Лемго, кој ќе биде позајмен играч.

После позајмицата тој се враќа во Вардар каде ќе настапува во пролетниот дел од сезоната. Управата на Лемго се обрати до Вардар со молба да им го позајми голманот до крајот на годината со оглед на тоа што нивниот се повредил, а имаат важни мечеви во домашното првенство.

Вардар со задоволство одговори на барањето на Лемго и го ослободи Ристовски, чиј трансфер беше целосно комплетиран и тој до крајот на годината ќе настапува во Бундеслигата.

(фото – Рк Лемго)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести