Поранешниот македонски репрезентативец на Македонија и актуелен играч на Вардар 1961, Борко Ристовски донираше опрема на екипата на Вардар Асови од Кичево.
Голманот Борко Ристовски израдува 90 ракометарки и ракометари кој тренираат во екипата на Вардар Асови од Кичево, кој тренер на тимот е Зоран Андрески. Донацијата беше во вид на топки, реквизити и се она што е потребно за една успешна и непречена работа во тимот од Кичево.
“Сега слободно можеме да кажеме дека сме една од најопремените школи во Македонија! Му благодариме на Борко Ристовски што ја препознава нашата посветена, квалитетна и непречена работа со деца, и нашето залагање при работата со деца од најмалите категории па се нагоре! Со ова се дава пример, за тоа како треба да се помага онаму кај што е најпотребно! Дружењето, поставените интересни прашања, поинтересните одговори, фотографирањето и земањето автограм беа дел од убавата вечер,” – изјави тренерот Зоран Андрески.


(фото – Рк Асови Вардар-Кичево)📷