Борко Ристовски е нов извршен директор на Вардар 1961!

Македонската ракометна легенда Борко Ристовски стави крај на играчката кариера и во иднина ќе биде дел од раководните струкури на Вардар 1961.

Тој ќе биде новиот Извршен директор на клубот, и беше промовиран на прес-конференцијата на клубот.

Покрај Борко Ристовски кој добива нова функција во клубот, на прес конференцијата беше промовиран и Стојaнче Стоилов како координатор на младинските категории во Вардар, и како помошник на тренерот Владо Недановски во првиот тим. Претседател на одборот на неизвршни директори ќе биде Емил Угриновски.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Михајловски за укажаната доверба, затоа што да се биде на оваа функција не е мала работа. Вардар е еден од најдобрите европски клубови, апсолутно најдобриот македонски клуб и тоа носи тежина и одговроност. Мене ми е чест што сум дел од тимот кој ќе го води Вардар и да го врати онаму каде припаѓа. Да му се заблагодарам на Михајловски за се што направи за Вардар и македонскиот ракомет, тој е повеќе од 30 години тука. Јас ќе се обидам сè она што го имам како контакти, пријателства и некоја тежина во спортот да го искористам и да му помогнам на Вардар. Ова ќе биде еден поинаков чекор за мене, со големи одговорности, но подготен сум сето она што знам да го пренесам. Верувам дека ќе бидеме успешни повторно. Некоја наша цел за оваа сезона е да го стабилизираме клубот, како на финансиски, така и на играчки кадар”, – изјави новиот извршен директор Борко Ристовски.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести