По години поминати на терен исполнети со клупски и репрезентативни радости, успеси па и тагувања, и многу испотени дресови, спортска кариера на Борко Ристовски продолжува повторно во ракометот, но во функција на Извршен директор во Вардар.
Во намерата да се направи успешно стабилизирање, и играчки и финансиски, Ристовски e една од македонските легенди кои решија да помогнат во продолжување на патот на најуспешниот ракометен спортски бренд во Македонија.
Емотивен, исто како играч, Ристовски и сега ги „преживува“ сите секунди од теренот, но на столчињата на трибините. Два месеци како Извршен директор е можеби малку, но доволно време да се запознае со работите за кои досега не се грижел како играч.
„Различно е многу, обврските се поголеми, но кога нешто се сака, ништо не е тешко. Свесно влегов во ова, и ја сакам оваа работа. Сите овие големи обврски и предизвици што се надвиснати над Вардар само ми се мотивација да покажам дека можеме и во Македонија да создаваме добра и успешна спортска приказна. И сите компании кои се општествено одговорни да се почувствуваат дека имаат каде да вложат со цел да му се помогне на спортот, а и самите тие да бидат видени на најсоодветен начин”, – вели Борко Ристовски.
Летово беше период на реорганизација во клубот. Се искористи периодот за поставување на нови цели, на зајакнување на организационалата, играчката и финасиската стабилност на Вардар. Се покажа дека со добра кадровска политика може да се направи конкурентен тим, кој нема многу да чини, а пак ќе остварува добри резултати, и ќе се работи на остварување на поставените цели.
„Целта годинава е фокусирана на два сегменти, финансика стабилизација и косолидација, а во исто време, резултатски и играчки да се следи таа финансика конструкција. Да бидат трошоците на минимум, и да имаме успешна трансформација. Досега добро одиме и чекориме. Двата трофеи, во Струга и Супер купот се одраз на тоа. За некои „неважен“, но за нас Струга е показател и навестување како ќе се случуваат работите сезонава. Ни покажа како треба да работиме понатаму. И освојувањето на Супер купот ни даде до значење дека ќе бидеме конкурентни сезонава, но, ни даде и нас како раководство задача да го исполниме нашиот дел, да бидеме финасиски стабилен клуб и да ги следиме резултаите што ги постигнуваат играчите. Направивме добра селекција со помош на стручниот штаб, на Недановски, Стоилов и Рогановиќ. Ние сме сервис на игралите, и правиме се тие да немаат притисок, туку тој да е кај нас. Со овие почетни резултати играчите ни дадоа на знаење дека треба да ги следиме. И ние сме подготвени на тоа”, – вели Ристовски.
(фото – Рк Вардар 1961)📷