Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Струга во 10. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Тиквеш, Борче Соколов изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Струга.
“Во петок не очекува натпреварот против Струга на домашен терен. Подготвени сме, ја креваме формата во нагорна линија и како фаворити ќе дадеме се од себе за да ја оправдаме таа улога и да постигнеме позитивен резултат”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Борче Соколов.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷