Бојана Диневска е нова ракометарка на Чаир

Екипата на Чаир, која има високи амбиции за новата сезона во своите редови донесе македонска репрезентативка.

Станува збор за Бојана Диневска, која доаѓа од редовите на Вардар. Диневска настапува на позицијата лево крило, но може да одигра и на други позиции.

“ЖРК Чаир ќе биде нов чекор во мојата кариера, ме импресионира фактот дека се посакува успех. Управата на Чаир најавува градење на топ-тим и јас сакам да сум дел од него. Благодарна сум за шансата и едвај чекам да започнеме”, – изјави Бојана Диневска.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести