Екипата на Бутел Скопје и тимот на Вардар 1961 утре (среда) ќе го одиграат натпреварот од 2. коло во Супер лигата.
Своја изјава за натпреварот имаше и ракометарот на Бутел Скопје, Бојан Блажески.
“Иако Вардар имаше проблеми во текот на летото, сепак се работи за сериозна и квалитетна екипа. Тие се конкуренти за шампионската титула. Сепак ние се подготвуваме, анализираме и одиме да одиграме квалитетен натпревар. Вардар е Вардар и сите знаеме колку може да биде опасен. Ние ќе го дадеме нашиот максимум и се надевам на фер и коректен натпревар”, – изјави Бојан Блажески.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷