Чуварот на мрежата Бојан Блажески го продолжи договорот со Бутел Скопје за уште две сезони.
Блажески во екипата на Бутел Скопје е долго време, а за следната сезона посакува уште подобри резултати.
“Од самото постоење на клубот го носам дресот на Бутел. Оваа година ми беше доверена позначајна улога во екипата за разлика од претходните години и мислам дека ја оправдав. Меѓутоа одиме понатаму желен сум за подобар успех, подобра сезона од оваа и на индивидуално и клупско ниво”, – изјави Блажески по потпишувањето на новиот договор.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷