Бојан Блажески: Против Куманово да ја продолжиме серијата на добри резултати

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Куманово во натпревар од 20. коло од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Бојан Блажески, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Куманово.

“Овој период не очекува “набиен” распоред. Нашиот фокус е секогаш да одиграме максимално на секој меч особено во овој период во кој имаме и нови играчи кои треба да се привикнат на нашиот систем. Ни следува Куманово каде секој натпревар имаат поддршка од домашната публика. Ние се подготвуваме, анализираме и одиме да ја продолжиме серијата на одлични резултати”, – изјави ракометарот на Охрид, Бојан Блажески.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *