Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Прилеп во 8. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Бојан Блажески, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.
“Напорно работевме оваа недела после успешно поминатото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Се подготвуваме, анализиравме. Главен акцент на натпреварот ќе биде ставен на одбраната што ќе ни помогне во транзицијата во играта. Се надеваме на позитивен резултат”, – изјави ракометарот на Охрид, Бојан Блажески.

(фото – ГРК Охрид)📷








