Бранислав Ангеловски е нов спортски директор на Еурофарм Пелистер!

Раководството на битолскиот тим Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски.

Поранешниот ракометар на битолскиот тим и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца.

46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација.

Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија).

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести