Бранислав Ангеловски ќе го предводи Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната

Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека Бранислав Ангеловски ќе го предводи тимот до крајот на сезоната.

Ангеловски активно ја извршуваше улогата на спортски директор, а по заминувањето на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски од тренерската позиција, во ноември и декември минатата година ја водеше екипата на четири натпревари од Лигата на шампионите и неколку натпревари од Супер лигата и Купот на Македонија.

Првиот официјален натпревар во 2024 година Еурофарм Пелистер ќе го одигра против Вардар 1961 во првото коло од плеј-офот на Супер лигата. Првиот европски натпревар е на 14 февруари 2024 година против ПСЖ. 

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести