Екипата на Еурофарм Пелистер во следниот период ќе ја предводи Бранко Ангеловски, до конечна одлука на тренерското прашање.
Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на Еурофарм Пелистер. А управата на клубот одлучи да го разреши Александар Јовиќ од прв тренер.
“РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека досегашниот тим менаџер на екипата г-дин Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб. Управата на клубот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата и г-дин Александар Јовиќ. Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води г-дин Бранко Ангеловски. Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и г-дин Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот. Под водство на Јовиќ и Шундовски нашиот клуб ја освои титулата во сезоната 2022/23”, – соопштија од Рк Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷