Братското дерби за Еурофарм Пелистер

Братското дерби помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер му припадна на Еурофарм Пелистер со резултат 27-30.

Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот, па на пауза имаше предност од 10-15. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 се обидуваше да направи пресврт но не успеа и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со девет погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Филип Арсеновски со седум погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.