Браќата Атанасиј и Архангел Трсунови потпишаа за Бутел Скопје

Браќата Атанасиј и Архангел Трсунови се нови членови на Бутел Скопје со што тимот ја продолжува праксата на ангажман на млади македонски ракометари во составот.

Близнаците доаѓаат од младинската школа на Еурофарм Пелистер, имаат по 17 години, а зад себе веќе имаат запишано настапи против Барса, ГОГ Гудме, Келце, во младинската Лига на шампиони.

Атанасиј настапува на голманската позиција, додека Архангел игра на сите бековски позиции. Двајцата се наоѓаат на поширокиот список на машката кадетска репрезентација на Македонија, а со битолскиот клуб имаат освоено многу признанија во младинските категории.

Двајцата потпишаа договори со Бутел Скопје на три сезони и ќе останат во тимот на Горан Кузманоски најмалку до 2028 година.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *