Ракометарите на Бутел Скопје лесно и без проблеми ја совладаа екипата на Вардар Неготино во Купот со конечни 35-25.
Екипата на Бутел Скопје уште на почетокот на првиот дел влезе со водство, а на полувреме имаше водство од 21-13. Вториот дел беше формалност Бутел Скопје да ја завери победата и да се пласира во следна фаза во Купот.
Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Бојан Спасовски со девет погодоци, додека во екипата на Вардар Неготино беше Мирослав Митевски со пет погодоци.
Рк Бутел Скопје 35-25 Рк Вардар Неготино
(фото-Рк Бутел Скопје)📷