Ракометарите на Бутел Скопје вчера ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во кој ќе разигруваат за титулата во Супер лигата.
Играчкиот кадар останува ист, а стратегот Горан Кузманоски во најскоро време ќе може да смета и на Дамјан Субашевски и Лука Иваниќ, кои треба да се вратат на теренот по повредите.
Во план се мини подготовки во Грција, каде што ќе бидат одиграни пријателски натпревари против екипите на ПАОК Солун (две) и против Килкис.
Кон крајот на месецот ќе биде одигран и уште еден пријателски натпревар со македонска екипа. Плеј-офот стартува во вториот викенд од февруари
(фото – Рк Бутел Скопје)📷