Бутел Скопје ги освои бодовите против Прилеп

Составот на Бутел Скопје забележа победа на домашен терен против тимот на Прилеп со резултат 27-21.

Во првото полувреме беше неизвесно, но Бутел Скопје ја презеде предноста од 13-12. Во второто полувреме Бутел Скопје продолжи со добрата игра, па на крај да се радува на победа против Прилеп.

Најдобар стрелец во тимот на Бутел Скопје беше Филип Николов со седум гола, додека кај екипата на Прилеп најдобро стрелци беа Владан Кастратовиќ и Томислав Квастек со по пет гола.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.