Бутел Скопје ги стартуваше подготовките за пролетниот дел (ФОТО)

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Горан Кузманоски ќе има на располагање 20 ракометари, откако екипата ја напуштија Цветковски, Бошковски и Јовевски.

Ракометарите на Бутел Скопје ќе имаат пет проверки пред последните шест кола од регуларниот дел од сезоната.

На меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Бутел Скопје ќе биде во групата А каде ќе се соочи со словенечкиот Марибор, домаќинот Босна и црногорскиот Рудар Плевља, плус уште еден меч за пласман. Турнирот се игра од 17 до 19 јануари.

По враќањето во Скопје, екипата ќе одигра уште еден пријателски натпревар против екипата на Врање на 31 јануари, а стартот на Супер лигата е закажан за 8 февруари, кога Бутел Скопје ќе му гостува на Прилеп.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *