Ракометарите на Бутел Скопје славеа победа во градското дерби против Тинекс Пролет со конечни 23-21 во Супер лигата.
Во текот на целиот натпревар беше израмнето, но сепак на крај Бутел Скопје се радуваше на победа против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Филип Николов со девет гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Никола Стоилевски со пет гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷