Тимот на Бутел Скопје го освои првото место на првиот меморијален турнир во чест на прерано починатиот ракометар Денис Тот.
Во неговото родно Ѓаково, Бутел го победи хрватскиот Осијек со 25-23 во финалето. Екипата на Бутел Скопје освоениот пехар му го посвети на ракометарот Денис Тот.
“Честитки за домаќинот Ѓаково и сите вклучени за одличната организација на турнирот. Пехарот што го освоивме во неговиот роден град, му го посветуваме токму него – на нашиот Денис Тот”, – изјавија од Рк Бутел Скопје.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷