Бутел Скопје го освои турнирот во Ѓаково

Ракометарите на Бутел Скопје го освоија трофејот на меморијалниот турнир, што се играше во чест на некогашниот десен бек на тимот, Денис Тот.

Во Ѓаково, момците на Горан Кузманоски најпрво го победија домаќинот со убедливи 34-24, а на овој натпревар одлични партии имаа Димитар Узунчев со осум и Филип Николов со седум погодоци.

Во вториот натпревар, кој практично беше и финале, македонскиот тим славеше против босанската Грачаница со 29-24.

На оваа средба, засилувањето од Босна и Херцеговина, Драган Шољиќ, имаше клучна улога со осум постигнати погодоци.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *