Бутел Скопје го реши младиот Мулти Есенс

Составот на Бутел Скопје го совлада младиот Мулти Есенс со конечен резултат 31-23 во натпревар од Супер лигата.

Тимот на Бутел Скопје од почетокот на натпреварот го обезбеди водството, па така до крајот на натпреварот славеше против Мулти Есенс.

Најефикасен во тимот на Бутел Скопје беше Бојан Спасовски со шест гола, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасни беа Олег Јорданов и Божидар Илиески со по пет гола.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.