Ракометарите на Бутел Скопје забележаа победа на гостувањето кај Голден Арт со 28-24 во Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје од почетокот на натпреварот имаше водство, па до крајот на натпреварот го сочува водството за победа против Голден Арт.
Најефикасен во тимот на Бутел Скопје беше Филип Николов со девет гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Христијан Милошески со седум гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷