Бутел Скопје го совлада Тиквеш, додека Бурса беше подобра од Струга на Струшкиот турнир

Екипата на Бутел Скопје забележа победа против екипата на Тиквеш со минимални 31-30 и се пласираше во финалето на турнирот во Струга.

Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Филип Николов со девет гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Димитар Коцев со 11 гола.

Составот на Бурса оствари триумф против составот на Струга со конечни 37-28 на Струшкиот турнир.

Најефикасен во редовите на Бурса беше Ерсин со шест гола, додека кај Струга најефикасен беше Наум Костов со осум гола.

(фото – Кочо Сотировски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *