Бутел Скопје го совлада Тинекс Пролет

Екипата на Бутел Скопје забележа победа на домашен терен против тимот на Тинекс Пролет со резултат 33-26.

Бутел Скопје од почетокот на натпреварот влезе со многу борба, и успеа на полувреме да замине со предност од 14-12.

Во второто полувреме Бутел Скопје продолжи исто како во првото, па на крај да се радува на триумф против Тинекс Пролет.

Најдобар стрелец во екипата на Бутел Скопје беше Филип Николов со 11 погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најдобар стрелец беше Александар Василевски со 6 погодоци.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.