Бутел Скопје забележа две победи и едно реми на пријателски натпревари во Србија

Екипата на Бутел Скопје ја заврши тридневната турнеја во Србија, во која одигра три пријателски натпревари.

Со скратен ростер поради повредите на Спасовски и Крстевски, како и отсуството на Субашевски и Михајловиќ поради кадетското СП, а не играше ниту Василевски, ракометарите на Бутел Скопје загубија два пати и еднаш ремизираа.

Српскиот шампион Војводина славеше против Бутел Скопје со 32-21, додека тимот на Партизан исто така беше подобар со 37-28. Со ремито со Уб, 33-33, заврши серијата од три средби во три дена. Тренерот Горан Кузманоски им даде поголема минутажа на младите ракометари.

Следен предизвик за Бутел Скопје ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23 до 26 август.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.