Тимот на Бутел Скопје под водство на Кристијан Грчевски ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде бутелци ќе се борат на два фронта, суперлигашкиот фронт и Купот на Македонија.
Нема никакви промени во играчкиот кадар, со кој Бутел одново ќе биде во трка за место во европските купови.
Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а ќе бидат одиграни и пријателски натпревари пред официјалниот старт на плеј-офот во февруари.
Екипата на Бутел Скопје во првото коло ќе се сретне на домашен терен со екипата на Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷