Бутел Скопје, Охрид, Алкалоид и Тинекс Пролет ќе се борат за пехарот во кадетска лига во машка конкуренција

Екипите на Бутел Скопје, Охрид, Тинекс Пролет и Алкалоид обезбедија место на Ф4 турнирот во кадетската лига од машка конкуренција и ќе се борат за титулата.

Во четвртфиналето Бутел Скопје славеше против Тиквеш 2014 со 33-26, Охрид беше подобар од Еурофарм Пелистер со 39-31. Тинекс Пролет го совлада Младост 1977 Богданци со 30-27. Алкалоид и Голден Арт заврши нерешено 33-33, по изведувањето на пеналите Алкалоид победа со 38-36.

Кадетска лига (мажи) полуфинале:

Рк Алкалоид – Рк Тинекс Пролет

ГРК Охрид – Рк Бутел Скопје

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.