Екипата на Бутел Скопје забележа победа на гостувањето кај екипата на Прилеп со конечен резултат 33-28 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Прилеп на почетокот на натпреварот направи водство, но сепак Бутел Скопје со добра игра успеа на крај од натпреварот да слави.
Најефикасен во тимот на Бутел Скопје беше Филип Николов со девет гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Божидар Илиески со шест гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷