Екипата на Бутел Скопје забележа победа против екипата на Прилеп со конечни 35-30 во 3. коло од Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје и на полувреме имаше водство од 18-12. Во второто полувреме продолжи водството на Бутел Скопје, па на крај да го совлада Прилеп.
Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Филип Николов со шест гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Денис Шабановиќ со девет гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷