Бутел Скопје под водство на Горан Кузманоски ги започна подготовките (ФОТО)

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона во суперлигашкото друштво.

Новиот тренер Горан Кузманоски и неговиот асистент Дарко Јанев, вчера во спортската сала „Антон Димитров“ го одржаа првиот тренинг.

На тренингот беа присутни сите ракометари на кои ќе се смета во новата сезона, меѓу кои и новаците – Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев, Марко Стојанов и Иван Андревски.

Подготовките ќе се одвиваат во Скопје и во Србија, каде што нашиот тим ќе игра пријателски средби со тамошниот шампион Војводина, Југовиќ и Металопластика Шабац, а кон крајот на август го очекува и настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид каде ќе игра против македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и повторно против Металопластика, како и уште еден меч за пласман. Пред стартот на Суперлигата, планиран е уште еден пријателски натпревар.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.