Бутел Скопје се засили со Илија Табаков и Андреј Петрушевски

Управата на Бутел Скопје уште еднаш покажа дека мисли на иднината и донесе двајца млади и талентирани ракометари, кои во следните три сезони ќе ги бранат боите на Бутел Скопје.

Станува збор за левиот бек Илија Табаков, кој доаѓа од прволигашот Борец Велес и има 18 години, како и за Андреј Петрушевски, кој исто така има 18 години, доаѓа од екипата на Вардар 1961 и настапува на позицијата десен бек.

(фото-Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести