Бутел Скопје донесе уште еден млад ракометар во своите редови пред стартот на новата сезона.
Станува збор за Наум Тасески, кој има 18 години и настапува на средната бековска позиција, а потпиша договор на две сезони.
Тасески досега беше дел од младинскиот тим на Вардар, а раководството на Бутел Скопје со овој потег уште еднаш покажа дека освен на сениорската екипа, мисли и на иднината, односно на младинските категории на клубот кои имаа одлични резултати минатата сезона.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷