Екипата на Бутел Скопје, која од следната сезона ќе има нов изменет лик во составот се збогуваше со петмина ракометари.
Станува збор за ракометарите Антонио Николовски, Драган Шољиќ, Кристијан Давитковски, Христијан Милошески и Бојан Блажески.
“На сите им благодариме за придонесот во растот на нашиот клуб и тоа што се вложуваа максимално на секој натпревар”, – објавија од Рк Бутел Скопје.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷