Бутел Скопје славеше минимално против Скопје 2020

Ракометарите на Бутел Скопје славеа минимална победа против екипата на Скопје 2020 со 23-24.

Екипата на Бутел Скопје имаше предност до полувремето од 11-13. Во вториот дел двете екипи се бореа гол за гол, но на крајот екипата на Бутел Скопје се спаси од реми и успеа да слави минимално против Скопје 2020.

Најефикасен во екипата на Скопје 2020 беше Александар Василевски со осум погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Мирко Мајиќ со девет погодоци.

(фото-Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести