Ракометарите на Бутел Скопје триумфираа на првиот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје забележа победа против составот на Кастриоти со конечен резултат 37-31.
По првиот дел Бутел Скопје водеше со осум голови разлика, 18-10, а тренерот Кузманоски им даде шанса и на дел од младинците.
Бутел Скопје ќе одигра уште две пријателски средби пред првиот меч од пролетниот дел, против Тинекс Пролет и против Железничар Ниш.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷








